Македонија е најевтина земја за живеачка, поевтино е само во Турција

Најскапа земја во Европа е Исланд. Цените во таа земја, минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек, покажуваат последните податоци на Еуростат. Втора на листата е Швајцарија , а трета Норвешка.

За споредба, пијалок во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца пак е околу 85 евра, флаша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца е 5 евра.Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени лица на Исланд е околу 4500 евра. Станарината на помал стан во Рејкавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, пак најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра. Македонија е најевтина земја за живеачка. Земјава се наоѓа на претпоследното 36-то место на листата најскапи држави во Европа. Единствено поевтино од кај нас е во Турција.

Словенија се наоѓа на 19 место. Црна Гора е на 30 место, а Србија и БиХ се наоѓаaт на 34 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот