Македонија домаќин на квалификациски турнир за пласман на ЕП

cev.eu

Наместо шест мечеви според принципот „секој со секого, дома и на гости”, ќе има два турнири, првиот во Данска од 7-10, а вториот кај нас од 14-17 јануари.

ЦЕВ го објави календарот за квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое што ќе се одржи во 2021 година.

Натпреварите во рамките од групата „Ц“, во која се наоѓаат најдобрите македонски одбојкари, се закажани за јануари.

Поради пандемијата со Ковид-19, наместо шест мечеви според принципот „секој со секого, дома и на гости”, ќе има два турнири, првиот во Данска од 7-10, а вториот кај нас од 14-17 јануари.

Во нашата група се уште селекциите на Турција и Босна и Херцеговина, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од сите седум квалификациски групи.

Според рејтингот и квалитетот, македонската репрезентација има реални шанси вторпат да се најде во европската елита. На дебито во Љубљана минатата година, „црвено-жолтите“ остварија две победи на пет натпревари, а со тоа оставија одличен впечаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот