Македонија денеска со ковид-19: Регистрирани 46 нови случаи, починаа 12 пациенти, оздравеа 526 пациенти

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 22, во Куманово – 2, во Прилеп – 1, во Тетово – 1, во Струга – 7, во Охрид – 3, во Кавадарци – 4, во Гостивар – 3, во Македонски Брод – 1, во Ресен – 1 и во Неготино – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 526 оздравени пациенти од Скопје – 295, од Куманово – 13, од Штип – 7, од Прилеп – 39, од Тетово – 12, од Струга – 3, од Велес – 4, од Битола – 9, од Охрид – 33, од Кавадарци – 41, од Гостивар – 9, од Гевгелија – 4, од Струмица – 16, од Крива Паланка – 3, од Кочани – 2, од Пробиштип – 2, од Македонски Брод – 2, од Валандово – 6, од Кратово – 1, од Свети Николе – 2, од Кичево – 4, од Ресен – 2 и од Неготино – 17.
Починаа 12 пациенти – пет од Скопје (53 год., 71 год., 72 год., 74 год. и 69 год.), еден од Прилеп (72 год.), еден од Тетово (53 год.), еден од Кавадарци (52 год.), двајца од Гостивар (70 год. и 65 год.), еден од Струмица (72 год.) и еден од Делчево (78 год.).Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798. Дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 36.173, активни – 11.009
• Куманово – 4.756, активни – 509
• Дебар – 640, активни – 125
• Штип – 3.311, активни – 230
• Прилеп – 4.248, активни – 529
• Тетово – 4.778, активни – 830
• Струга – 2.052, активни – 316
• Велес – 2.777, активни – 474
• Битола – 3.048, активни – 530
• Охрид – 2.455, активни – 506
• Кавадарци – 2.148, активни – 527
• Гостивар – 3.397, активни – 536
• Гевгелија – 1.170, активни – 282 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица – 2.316, активни – 597
• Крива Паланка – 631, активни – 122
• Радовиш – 625, активни – 111
• Крушево – 167, активни – 74
• Кочани – 1.605, активни – 209
• Пробиштип – 449, активни – 39
• Демир Хисар – 236, активни – 37
• Македонски Брод – 220, активни – 26
• Пехчево – 156, активни – 32
• Берово – 501, активни – 48
• Валандово – 314, активни – 57
• Виница – 447, активни – 61
• Делчево – 671, активни – 206 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово – 193, активни – 16
• Свети Николе – 1.043, активни – 89
• Кичево – 1.577, активни – 217
• Ресен – 652, активни – 143
• Неготино – 1.033, активни – 311 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 378 теста се преку ИЈЗ – 106, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 75, преку „Систина“ со PCR метода – 155, преку Инфективна клиника – 2 и преку ЈЗУ (рапид тест) – 40. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот