Македонија денеска ги дознава противниците во новото издание од Лигата на нации, можна е и балканска група

Фудбалерите вечерва ќе ги дознаат противниците за новото издание во Лигата на нации/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ги добие противниците во новото, трето по ред, издание од Лигата на нации.

Ждрепката ќе започне од 18 часот во Нион, а „рисовите“ се наоѓаат во Лигата Ц, односно третата група по квалитет и можно е да добие противници од регионот, односно селекциите на Бугарија и Косово.

Македонија се наоѓаа во вториот шешир заедно со Грција, Белорусија и Луксенбург и со нив не може да игра, додека противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски од првиот шешир ќе биде една од селекциите на Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска.


Во третиот шешир по квалитет се наоѓаат Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово.
Во последниот по квалитет шешир се наоѓаат Казахстан или Молдавија, Кипар или Естонија, Гибралтар и Фарски Острови.

Натпреварите од третото издание на Лигата на нации ќе започнат на 2-4 јуни кога треба да се игра првото коло, а последното коло е предвидено да се одигра од 25 до 27 септември идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот