Македонија денеска ги добива противниците во квалификациите за Мундијалот во 2026 година
Македонската фудбалска репрезентација денеска во Цирих ќе ги добие противниците во квалификациите за Мундијалот во 2026 година кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Противниците Македонија ќе ги чека од третиот шешир што значи дека во групата ќе добиеме две послабо рангирани репрезентации од нас.
Ако ги погледнеме репрезентациите од првиот шешир најпосакуван противник веројатно е Данска која секако е квалитетна репрезентација и сигурно не би било лесно. Од вториот можеби тука е Велс, додека во третиот и четвртиот шешир се репрезентации со кои реално ние би ја имале фаворитската улога.
Терминот за ждрепката е 12:00 часот.
ШЕШИР 1: Шпанија, Португалија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Данска, Хрватска, Англија, Белгија, Швајцарија, Австрија
ШЕШИР 2: Украина, Турција, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Норвешка
ШЕШИР 3: Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Maкедонија, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, БиХ, Црна Гора, Израел
ШЕШИР 4: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија, Литванија
ШЕШИР 5: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино