Македонија без Лазаров и Миркуловски против Данска

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

После големата и важна победа во Скопје над Данска во четвртокот денеска македонската најдобра репрезентација ќе го игра четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2022 повторно против актуелниот светски шампион на гостински терен. Овој меч ќе се игра во Алборг со почеток од 16.00 часот, а судии се Хорват и Мартон од Унгарија.

Кирил Лазаров овојпат ќе ја води само улогата на селектор откако одлучи да не биде во составот за настап на денешната пресметка, како и плејмејкерот Филип Миркуловски.

Ќе недостасува и Стојанче Стоилов поради повреда, а покрај стандардните шанса против Данците се очекува да добијат играчите кои досега беа на клупата или имаа помала минутажа.

Составот на Македонија за денешниот натпревар: Митревски, Манасков, Велковски, Ц. Кузманоски, Ѓорѓиев, Талески, Томовски, Н. Маркоски, Ф. Кузмановски, Костески, Георгиевски, Ѓорговски, Младеновиќ, Пешевски, Аларов, Серафимов.

Талески: Против Данска покажавме дека знаеме и можеме, Македонија го нема покажано најдоброто

Блиску сме до учество на нов континентален собир, евентуална победа или реми на вечерашниот дуел ќе донесе потврда, но и да не се случи тоа, се очекува на мечевите со Финска и Швајцарија во април и мај се покаже зошто нашите најдобри ракометари заслужуваат да бидат дел од ЕП.

Моментно на табелата во квалификациската група „7“ после три кола води Македонија со шест бодови, пред Данска (четири), Швајцарија (два) и Финска (0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот