Македонецот „гази“ за Келн, а сега има понуда од Фенербахче!

twitter.com/fckoeln

Чурлинов (19), една од најголемите македонски фудбалски надежи повторно го привлекува вниманието, веќе стандарден во првиот тим на Келн, а минутажата ја искористува на најдобар можен начин.

Еднаш стрелаше против нисколигашот Фрехен, потоа запиша хет-трик односно три погодоци против Бад Дурхејм. Дефинитивно треба да се одвои и погодокот против калчолигашот Болоња во победата од 3:1, а настапи во неделата и против Виљареал.

Веќе се шпекулира околу тоа каде би играл нашиот репрезентативец, ланската сезона беше прв стрелец во јуниорската Бундес лига. Тој досега одлично се вклопува во првиот тим на Келн, но прашање е дали би бил и редовен со настапи и во најсилната германска лига.

Сега ова е важно за нас на репрезентативен план, играчот да ја одржува натпреварувачката форма, во меѓувреме се шпекулира дека турски гигант ги посакува неговите услуги.

Станува збор за Фенербахче чии бои до неодамна ги бранеше Елиф Елмас кој летово направи трансфер во италијанскиот вицешампион Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот