Македонецот блеска во „Ендеса“: Димитријевиќ е играчот на одлука во Хувентуд! (ВИДЕО)

Фото: kfsm.mk

Во четвртото коло од шпанската „Ендеса“ лига, кошаркарите на Хувентуд имаа тешко гостување во Андора. По 40 минути жестока борба, славеше тимот од Бадалона, со минимални (89:87). А клучни беа два потези во изведба на Ненад Димитријевиќ.

За 28 минути игра на паркетот, македонскиот репрезентативец дојде до учинок од 12 поени поени (5/9 од игра и 1/2 од линијата за слободни фрлања), седум асистенции, три скока, две освоени и пет загубени топки.

По четири круга во „Ендеса“ лигата, Хувентуд е на ефект од три победи и еден пораз.

Моментно на табелата во некомплетното четврто коло на делба на првото место се наоѓаат дури шест екипи, Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Тенерифе, Обрадоиро и Хувентуд Бадалона со по шест бодови.

Во наредната рунда Хувентуд и Димитријевиќ на 11 октомври ќе го пречекаат Билбао кој во саботата славеше против Обрадоиро со 99:81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот