Македонецот блеска на Имола: Иџе со прво и трето место на тренинзите!

Одличен викенд за македонскиот автомобилист во „Имола“/ фото: acisport.it

„Летечкиот“ Македонец е одлично расположен пред викендот на Имола во кој ќе одржат првата и втората трка во рамките од ТЦР Италија.

Денеска на програмата завршија слободните тренинзи, на првиот тренинг Игор Стефановски го освои третото место (1:53.177 мин.) зад Феличе Јелмини и Марко Пелегрини, сите тројца ја покажаа силата со своите возила на „Хјундаи“.

Стефановски имаше уште подобри перформанси во вториот слободен тренинг освојувајќи го првото место со време 1:52.668 мин., со предност од 0,765 секунди пред второпласираниот.

Нашиот натпреварувач е гладен за нови подиуми и се надева дека на легендарната патека ќе има успешен викенд.

Вечерва ќе се одржат квалификациите, в сабота (29 август, 14.15 часот) е првата трка, а в недела од 11.34 часот е втората трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот