Македонец се родил во авион на 8.000 метри височина, па го крстиле по авиокомпанијата

Марија Тодева се породила на 13 февруари 1978 година во авион на авиокомпанијата ЈАТ, а била породена од екипажот на авионот. Ножиците со кои ја пресекле папочната врска биле дезинфицирани со виски, а детето го добило името Јатко. Денеска, тој полни 42 години.

Мајката на Јатко имала 18 години, а летала во осмиот месец на бременоста од Белград преку Сингапур за Сиднеј. Таму ја чекал сопругот Стојан Тодев, кој неколку месеци претходно заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Се породила на два часа пред слетување, на 8.000 метри. Веќе наредниот ден, веста за овој несекојдневен настан одекнала во медиумите.

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

Јатко денес живее во Австралија / Фото: Фејсбук

Авионот полетал со 106 патници, а слетал со 107. Јатко добил доживотна авионска карта, но ни по 42 години, сè уште не ја искористил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот