Македонец пробал да шверцува антички артефакти во Србија

Антички предмети стари околу 2500 години се откриени на граничниот премин Прешево-Табановце во автомобил управуван од Македонец, соопшти денеска српската Царинска управа.

Како што наведува Царината во соопштението, предметите се откриен во вторникот кога дежурен цариник и полицаец на влезот во Србија темелно извршиле проверка на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од 54-годишен македонски државјанин.

На задното седиште на автомобилот, во патна торба со лични работи биле откриени седум камени предмети со археолошка вредност. Станува збор за пет камени артефакти изработени од жолто-кафен килибар и два мермерни предмети со стилизирани претстави на жена, маж и коњ, изведени во техника на резба, како и еден камен сад во форма на вазна.

Прочитајте и...  Кај Демир Капија откриени 113 мигранти

Повеќето артефакти тежат помеѓу 300 и 400 грама, додека најголемата е високо стилизираната претстава на глава и бистата на маж со истакнати делови (очи, нос, уста, коса и гради) со тежина од 2,5 килограми.
Српската Царина информира дека возачот на автомобилот на службениците им рекол дека предметите ги добил од негов пријател, кој ги пронашол во близина на Струмица и дека имал намера да ги однесе во Италија, каде живее за да го красат неговиот дом.

Бидејќи станува збор за антички предмети чија старост и вредност можат да се утврдат само со стручно вештачење, српската Царина го консултирала Одделот за археологија на Народниот музеј во Врање, кој потврдил дека се работи за артефакти од хеленистичиот период стари околу 2.500 години.

Прочитајте и...  Изгоре куќа на четиричлено семејство од кривопаланечкото село Луке 

Бидејќи се работи за странски државјанин, Прекршочниот суд во Прешево по итна постапка донел одлука да го казни лицето кое се обидело да ги шверцува антички предмети со парична казна, а бидејќи вредноста на прекршокот надминува една третина од вредноста на возилото во кое се пронајдени артефактите, задржан е и автомобилот марка „Голф 3 Караван”.

Со пресудата, одлучено е дека предметите треба трајно да се одземат и да се предадат на Народниот музеј во Врање.

Прочитај повеќе

Изгоре куќа на четиричлено семејство од кривопаланечкото село Луке 

Драма на автопатот Демир Капија – Неготино

Кај Демир Капија откриени 113 мигранти

Скопјанец со „ауди“ бркал две лица и се заканувал дека ќе ги убие

Слободен печат

Скопјанка го пријавила таткото во полиција за семејно насилство

Слободен печат

Пронајден малолетник кој се водеше за исчезнат во Скопје

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За два месеци во гостиварско 160 лица го прекршиле полицискиот час

Слободен печат

Во стан во Центар пронајден починат маж

Слободен печат

Жена од Кичево во својот подрум пронашла минофрлачка мина

Слободен печат

По семејна расправија кичевец се обидел да го запали семејниот стан

Слободен печат

Верижен судир на пет возила во Битола

Слободен печат

АХВ откри измамник: Сопственик на фирма препакувал и продавал јачменова трева во прав „без глутен“

Слободен печат