Македонец постигна 63 поени на натпревар во Германија – Слободен печат
КошаркаСпорт

Македонец постигна 63 поени на натпревар во Германија

Ова беше вкупно шестата победа сезонава за Швертер ТС во својот шести натпревар.

Дарко Димковски имаше огромен придонес во победата на неговиот клуб Швертер ТС на гостувањето кај ТуС Велинхофен во една од пониските германски кошаркарски лиги.

Верувале или не, македонскиот кошаркар имаше учинок од вкупно 63 поени, реализираше дури 13 тројки.

Тренерот на гостите истакна после мечот дека ова е неверојатно, нашиот играч го имаше досега најдобриот натпревар во кариерата.

Ова беше вкупно шестата победа сезонава за Швертер ТС во својот шести натпревар.

Претходно пред да направи трансфер во Германија, во нашата земја ги бранеше боите на Охрид АВ и Карпош Соколи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close