МАКЕДОНЕЦ НАГРАДЕН ВО СЛОВЕНИЈА: Водовникова награда за Сретен Давидов

Фото: МИА

Триесетгодишниот доктор на науки Сретен Давидов кој е по потекло од Неготино, е добитник на Водовникова награда што ја доделува Фалултетот за електротехника при Универзитетот во Љубљана.

Како што потврди Давидов за МИА, наградата е за неговиот докторат од областа на подрачјето на електромобилноста.

-Тоа е всушност признание за квалитетот на докторатот, неговата препознатливост и убедливост за ова подрачје – појасни тој.

Наградата ќе му биде доделена на 19-ти овој месец, на свечената приредба по повод сто години од основањето на Uниверзитетот.

Младиот неготинец докторираше на 28 години. Во земјава беше добитник на наградата за најдобар млад научник за 2017 година. Во моментов работи во Службата за технолошки развој на Електро Љубљана, словенечката Електродистрибуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот