Македонец ќе се бори за титула во УФЦ

Првиот ММА борец во УФЦ шампионатот со македонско поеткло, се очекува на 14 декември во Лас Вегас во рамките на „УФЦ 245“ приредбата да се бори за титулата во перо лесна категорија против шампионот, Макс Холовеј.

Оваа информација прв ја објави новинарот на Фокс Спорт во Австралија, Гадиел Нотеловиц, а подоцна ја потврди Џон Хјон Ко, кој исто потврди дека се потпишани и договорите за борбата.

„Извор близок на преговорите ме извести дека договорите се веќе потпишани. Макс Холовеј ќе ја брани титулата против Александар Волкановски на „УФЦ 245“ приредбата која ќе се одржи на 14 декември во Лас Вегас“, напиша Ко на својот профил на твитер.

Постоеше можност двајцата одлични ММА борци да се сретнат и порано, на „УФЦ 243“ приредбата во Австралија, но шампионот се уште се опоравува од повредата и не е во можност да се опорави до октомври.

Волкановски (20-1) статусот на предизвикувач на Холовеј го обезбеди со победата над легендата во УФЦ, Жозе Алдо. Претходно ММА борецот со македонско потекло го прати во пензија и трикратниот предизвикувач за титулата, Чад Мендес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот