Македонецот „Сакса“ ќе учествува на „Дота 2“ турнир со награден фонд од над два милиони долари
Македонецот Мартин Сазадов или познат во гејминг светот како „Сакса“ доби можност да учествува на престижниот турнир во „Дота 2“ кој започнува денеска и ќе трае до 15 септември, а ќе се одржи во Копенхаген, Данска, „Тhe International 2024“.
Станува збор за турнир на кој наградниот фонд изнесува 2.3 милиони долари, а Саздов доби можност за настап по проблемите со визата кои ги имаше Русинот Едгар Арменовиќ Налтакиан или „9Class“.
Саздов ќе настапува во тимот на „Тундра спортс“ заедно со Метју Филемон од Индонезија (Whitemon), Финецот Топиас Мик Тавитсен (Тоpson) и Русите Роман Кушнарев (RAMZES666) и Иван Москаленко (Pure).
Во битка за главната награда ќе се борат 16 екипи поделени во четири групи од по четири тимови и двете првопласирани од секоја група ќе продолжат во следната фаза. Групната фаза е планирана да се одигра денес и утре, плеј-оф натпреварите се од 8 до 10 септември, а самата завршница од 13 до 15 септември.
View this post on Instagram