Македонецот е осминафиналист на јуниорскиот „Вимблдон“, Ивановски запиша нов триумф

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Денеска македонската тениска надеж Калин Ивановски (18) оствари нова победа на турнирот „Вимблдон“ во Лондон за јуниори.

Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето со убедлив триумф од 6:1 и 6:2 над 11 носител Родриго Пачеко Мендез од Мексико за еден час и четири минути игра.

За пласман во осминафиналето нашиот тенисер ќе игра против подобриот о мечот Едас Бутвилас (Литванија, осми носител) – Озан Чолак (САД).

Претходно на стартот Македонецот беше подобар од Британецот Лука Поу со 2:1 (3:6, 6:4, 6:2).

Ивановски годинава беше дел од јуниорскиот „Австралија опен“ во кој беше елиминиран во првото коло, на ланскиот „Вимблдон“ стигна до третата рунда, а на „УС Опен“ беше поразен на стартот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот