Македонците започнаа да ги празнат продавниците (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Откако денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус, во некои од скопските маркети може да се забележи засилена фрекфенција и зголемен број на купувачи.

„Луѓето купуваат брашно, масло, сапуни, влажни марамици, конзерви, тестенини, тоалетна хартија, зимница, средства за чистење. Рафтовите беа речиси празни“, вели читател на „Слободен печат“, кој ни испрати фотографија од еден скопски маркет.

Фото: Слободен печат

– Наеднаш сите огладнеа, не знам што се случува – се запрашал продавачот, кој бил затекнат од големиот и невообичаен метеж.

Фото: Слободен печат

Поради состојбата со новиот вирус, многу од родителите не се сигурни дали да ги пуштат своите деца утре на училиште. Министерството за здравство вчера објави телефонски броеви на кои јавноста може да се информира и да пријави сомнителни случаи на коронавирусот, а родителите на истите можат да добијат подетални информации од стручните лица.

Претходно денес, во скопските аптеки имаше интензивна побарувачка на медицински маски. „Слободен печат“ информираше дека граѓаните купуваат по неколку пара, и за себе и за најблиските.

„Слободен печат“ денес ги праша и македонските граѓани дали тие стравуваат од новиот коронавирус, како и тоа дали се задоволни од преземените мерки на Владата и што би презеле тие самите доколку се појават случаи на заболени во нашата држава. Нивните одговори погледнете ги во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот