Македонците во Албанија го одбележаа празникот Богојавлние-Водици - Слободен печат

Македонците во Албанија го одбележаа празникот Богојавлние-Водици

Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското езеро.

Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци – Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското езеро.

Со Македонците во Горна Горица, едно од деветте села во областа, беше Васил Стерјовски, лидер на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент од оваа партија.

Тој присуствуваше и на свечената литургија во црквата „Свети Димитрија” со која чиноначалствуваше отец Алексо Темелко, кој светиот крст го положи во осветените езерски води, а најсреќен беше Антонио Никола.

– Бог се јави. За многу години. Многу сум радосен. Нека Бог донесе среќа, радост, здравје, напредок, рече Антонио.

Прочитајте и...  Епидемијата на коронавирусот може да предизвика недостиг на антибиотици

– Му честитам на младиот Антонио, нека и него и сите Македонци каде и да се ги следи среќа, радост, успеси и благосотојба, посака Стерјовски.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско езеро каде се фрла крстот. Обичај е оној кој ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетува домаќинствата во населеното место каде се даруваат со пари.

Во областа Голо Брдо крстот украсен со босилок, порано, кога православните биле во голем број се фрлал во реките, но сега тоа се прави симболично во поголем сад со вода, продолжувајќи ги на тој начин традицијата и обичаите.

Прочитајте и...  Уште малку и готово ќе биде живеалиштето на пингвини во ЗОО Скопје

Прочитај повеќе

Меѓугенерациска дружба во новиот пензионерски дом во Нерези

Слободен печат

Стаменковска-Стојковски побара оставка од директорката на Централен регистар

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ до 10 март ќе ги објави кандидатските листи за изборите

Слободен печат

Мицкоски: Се знае кој е главниот организатор, инспиратор, сценарист на целиот случај „Рекет“

Слободен печат

Сведочења на евакуираните Срби од Кина: Вухан навистина е град на духови, во Шангај ситуацијата не е толку драстична

Слободен печат

Спасовски-Сасоли: Успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон отпочнување на преговори за членство во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

единаесет + десет =

Прочитај повеќе

За седум дена истекува Јавниот повик за финансиска поддршка за Центрите за развој на планинските региони

Слободен печат

Заев: Со донесувањето на законот за ЈО покажавме дека државата ни е пред сѐ

Слободен печат

Мета е подготвен на секакво сценарио: „Никој не може да ме разреши пред да ми заврши мандатот“

МИА Агенција

Зоран Милановиќ и официјално е петтиот претседател на Хрватска (ВИДЕО)

МИА Агенција

Чулев: Има индиции дека Спасовски ја злоупотребил службената положба со јавна набавка на 3.000 пара чизми (ВИДЕО)

Слободен печат

Борбата против даночните измами во Франција донела девет милијарди евра во буџетот

МИА Агенција