Македонците имаат „лесен“ пат до групите на ЛШ

Luka Stanzl/PIXSELL

Во третото квалификациско коло од ЛШ, хрватскиот шампион Динамо на Адеми ќе ги одмери силите против унгарскиот Ференцварош во чии редови настапува Спировски.

Победникот од таа пресметка во плејофот на ЛШ ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Марибор и Розенборг, а елиминираниот ќе оди во плејофот на Лига Европа.

Можно е уште еден екс ју тим да се најде во најквалитетното клупско натпреварување, Црвена Звезда ако сака да игра против швајцарскиот Јанг Бојс ќе мора прво да го елиминира данскиот Копенхаген.

Плејоф, двојки (Лига на шампиони):

АПОЕЛ/Карабах-ПАОК/Ајакс

Јанг Бојс-Црвена Звезда/Копенхаген

Клуж/Селтик-Славија Прага

Динамо Загреб/Ференцварош-Марибор/Розенборг

Истанбул Башакшехир/Олимпијакос-Краснодар/Порто

Базел/ЛАСК-Клуб Бриж/Динамо Киев

Дуелите од плејофот ќе се играат на 20/21 август и седум дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот