Македонците од Мала Преспа во Канада ја одржаа традиционалната годишна средба

Фото: Архива

Македонското друштво „Мала Преспа” од Канада ја одржа традиционалната годишна средба, во чест на големиот верски празник Свети Архангел Михаил, кој е заштитник на Македонците од Мала Преспа.

Додава дека иако се далеку од својата родна грутка иселените Македонци од овој живописен крај своите традиции како светост ги чуваат и негуваат и во Канада.

Имаат свое друштвото „Мала Преспа” кое е формирано со цел продолжување на македонштината и во Канада. На настанот кој се одржа на старата локација Capitol Banquet Hall во градот Мисисага присуствуваа многу Македонци со потекло од Мала Преспа, кои денес живеат во Канада и САД.

Средбата и присутните ги благословија свештениците од Македонската православна црква, а пред присутните се претставија најмладите членови на македонското културно-уметничко друштво.

Сплотено, семакедонски се славеше до раните утрински часови. Средбата беше испочитувана од многу претставници на управите во македонските православни цркви, како и македонски патриотски организации и здруженија од Канада.

Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада, за весникот „Македониум” изјави дека македонското друштво „Мала Преспа” во Канада е формирано пред 14 години од македонски иселеници од Пустец и други делови од областа Мала Преспа со цел негување на македонската култура и традиција.

Веќе станува традиција, ние, Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живееме во Канада и Америка, да се собереме по повод православниот празник Свети Архангел и Михаил. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден крај населен со етничко чисто македонско население, додава Владимир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот