Македонците го направија најголемото изненадување во квалификациите за СП 2022

Сензационалната победа во Дуизбург над Германија од 1:2/Фото: EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN

Победата на македонската А репрезентација (1:2) во Дуизбург против Германија на 31 март годинава е најголемото изненадување во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

Оваа информација ја пренесува „Gracenote Live“, агенција која се занимава со фудбалска статистика, севкупно досега имаше шест поголеми изненадувања во мундијалските квалификации.

Нашата селекција тогаш предводена од селекторот Игор Ангеловски имаше само 7% шанси за триумф на ова гостување против четирикратниот светски шампион.

Следува триумфот на Луксембург против Република Ирска (11%), за Шкотите 17% за триумфот над Австрија и 23% за победата на Косово против Грузија.

Интересно е тоа што Словенците двапати се наоѓаат на оваа листа Топ 10 најголеми изненадувања во квалификациите за СП.

После тој исторски триумф над Германците, нашите најдобри фудбалери сега предводени од новиот селектор Благоја Милевски овој месец трипати ремизираа со Ерменија (дома, 0:0), Исланд (гости, 2:2) и Романија (дома, 0:0).

Фудбалерите не можат против традицијата: Доминираа над Романците, но мора да се задоволат само со реми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот