Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион во Словенија

Фото: Словенечка полиција

Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми.

Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.

Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот