
Макаби славеше над Црвена звезда, Димитријевиќ се врати на евролигашките терени
Во рамките од 23 коло во Евролигата кошаркарите на Олимпија Милано загубија убедливо од Анадолу Ефес со 110:66.
Препорачано
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се опорави од повредата која го оддалечи еден месец.
Нашиот плејмејкер за италијанскиот клуб за 16:26 минути игра на паркетот запиша четири поени, еден скок и три асистенции.
Кај неговите соиграчи најефикасен беше Брук со 13 поени, а на спротивната страна за турската екипа блескаше Бобуа со 18 поени.
Макаби Тел Авив триумфираше над Црвена звезда со 85:73. За израелскиот тим Дибартоломео доминираше со 15 поени (пет скокови), а истиот учинок го имаше и Теодосиќ за српскиот состав и воедно забележа пет асистенции.
Во другите мечеви одиграни во четвртокот: Панатинаикос – Жалгирис Каунас 89:76, Виртус Болоња – Монако 80:86 и Реал Мадрид – Басконија 90:89.
На табелата води Олимпијакос (16-6), пред Фенербахче (14-7), следуваат Монако и Панатинаикос со учинок 14-9.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5