Мајтапи за Хари, Меган и кралското семејство…во „цепки“ цртана серија

Профимедиа

После бурата скандали нема да им биде добро кога ќе се видат во хумористична телевизиска серија.

Светот едвај ја чека новата хумористична анимирана серија во која главни ликови се членовите на британското кралско семејство.

Сценаристот, глумец и продуцент Гари Џанети е автор на новата сатирична, анимирана серија во која главни протагонисти се принцот Хари, Меган Маркл и останатите членови на кралското семејство. Цртаната серија се фокусира на актуелните настани во кралското семејство.

View this post on Instagram

George is pleased.

A post shared by Gary Janetti (@garyjanetti) on

Серијата е насловена „Принцот“, а ќе се емитува на HBO телевизија. Интересно е што главен лик е всушност малиот принц Џорџ од Кембриџ, синот на Вилијам и Кејт, а гласот за него ќе го позејми лично Џанети.

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, ќе го позејми гласот за таткото на Џорџ, принцот Вилијам. Кондола Рашад ќе ја игра Меган Маркл, Луси Панч – Кејт Мидлтон, Том Холандер – принцот Чарлс, а Франсис дела Тур ќе ја игра кралицата Елизабета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот