Мајсторски гол на Елмас во турското дерби (ВИДЕО)

Елиф Елмас успеа да го постигне вториот гол за Фенербахче сезонава и тоа против Галатасарај во најголемото дерби во турскиот фудбал. Елмас во 71. минута по асистенција на Валбуена го совлада противничкиот голман донесувајќи му израмнување на својот тим.

https://twitter.com/fenerinmacivar/status/1117482436651364355

Претходно Галатасарај поведе со голот на Онјекуру во 66. минута.
Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути за Фенербахче и беше еден од најдобрите играчи во својот тим кој од 45. минута играше со играч помалку.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот