Мајсторката за Денвер, Торонто силен против Филаделфија (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Денвер нагетс со 90:86 го совлада Сан Антонио спарс во последниот седми натпревар од првата рунда во плејофот во Западната конференција и во полуфиналето ќе се сретне со Портланд.

Најзаслужен за триумфот беше српскиот центар Никола Јокиќ ко во мајсторката оствари трипл-дабл од 21 поен, 15 скокови и 10 асистенции со што стана третиот кошаркар по Леброн Џејмс и Меџик Џонсон, во историјата, на НБА лигата кој остварил повеќе од еден трипл-дабл во дебитанската серија во плејфот. Одличен настап имаше и Џамал Мареј со 23 поени, додека кај Сан Антонио, најпрецизни беа Демар Дерозан и Бен Форбс со по 19 постигнати поени.


Во Источната конференција, Торонто поведе со 1:0 во победи против Филаделфија откако на отворањето на полуфиналната серија триумфира со 108:95. Фантастична партија имаше Каваи Ленард кој постигна 45 поени и имаше 11 асистенции, додека Паскал Сиакам застана на 29 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот