МАЈСТОРИШТА: Механичарите на Ред Бул направија пит стоп во бестежинска состојба (ВИДЕО)

принтскрин

Механичарите на Ред Бул откако на последната трка во Формула 1 шампионатот, поставија светски рекорд во менување на пневматици (1.8 секунди), побараа нов предизвик за да покажат дека немаат конкуренција. Тие го најдоа предизвикот на 10.000 метри, поточно во авионот Илјушин Il-76, кој се користи за тренинг на астронаутите.

Со помош на руската вселенска агенција Роскосмос, механичарите на Ред Бул заминаа во тренинг центарот на астронаути „Јуриј Гагарин“, кој се наоѓа во близина на Москва.
Тим од 16 механичари на Ред Бул помина низ интензивен курс за обука на астронаути, притоа тренираа во бестежинскиот дел од авионот заедно со болидот на Ред Бул и екипа од 10 луѓе кои го снимаа неверојатниот потфат.

Секој лет се состоеше од неколку подеми и падови и тоа откако авионот се кревал во воздух под агол од 45 степени, а потоа имаше слободен пад и на тој начин се правеше бестежинска состојба од 22 секунди пред следниот подем. На крајот од тренингот, механичарите на Ред Бул успеаја да ги сменат сите четири пневматици на болидот во бестежинска состојба.

– Желудникот ми беше во ред, но чувствував дека главата ќе ми експлодира. Беа потребни 2-3 обиди за да сфатите што се случува. На почеток не можев да размислувам нормално и мозокот не можеше нормално да функционира. Сме работеле на многу чудни места, но ова е најчудното и најспецијалното место досега на кое сме работеле – изјави Марк Вилис, координаторот на механичарите на Ред Бул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот