Мајсторијата на Пандев недоволна за триумф на Џенова

Прв меч во новата сезона во Серија А, Џенова гостува кај шампионот Интер/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја потврди својата класа и направи нов чекор до бројката од 100 постигнати голови во Серија А.

Во македонската пресметка во која играа Пандев од едната и Илија Несторовски на другата страна, Џенова и Удинезе одиграа без победник 1:1.

Резултатот го отвори токму Пандев во осмата минута и дојде до бројката од 98. гола во Серија А.
Удинезе израмни во 30. минута преку Родриго де Паул кој беше сигурен реализатор на пеналот.
Пандев беше заменет во 70 минута, додека на спротивната страна, Илија Несторовски влезе во игра во 81. минута и во финишот имаше шанса да му донесе триумф на својот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот