Мајсторе што ти стана: Заработи црвен картон поради старт над противнички тренер (ВИДЕО)

принтскрин

На натпреварот од Бундес лигата помеѓу Фрајбург и Ајнтрахт (1:0) се случи несекојдневна ситуација во која капитенот на гостите заработи црвен картон поради старт на домашниот тренер.

Капитенот на Ајнтрахт Давид Абрахам во судиското продолжение се обиде да дојде топката која излезе во аут и притоа го турна тренерот на домашната екипа, Кристијан Штајх кој падна на теренот.

Неспортскиот потег на фудбалерот на Ајнтрахт ја разгневи клупата на домаќините и сите резервни фудбалери тргнаа да се пресметаат со Абрахам, но во последен момент се избегна поголем инцидент. На крајот, судијата му додели црвен картон.

Инаку, единствениот гол беше дело на Нилс Петерсен во 77. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот