Мајсторе што направи, Хрват го постигна автоголот на деценијата (ВИДЕО)

Романското фудбалско првенство не е меѓу најпопуларните во Европа, но викендов е во центарот на вниманието поради еден погодок.

Поради неспретната реакција на натпреварот Астра – Клуж (0:2), хрватскиот интернационалец Љубан Црепуља стана хит на социјалните мрежи.

Имено, при резултат 0:0 во финишот на првото полувреме, Црепуља очигледно беше изненаден кога топката по изведениот корнер се одби од неколку играчи и дојде до него, а тој од околу седум метри од голот наместо во корнер, топката ефектно ја заби со сопствениот гол со што се отвори полемика дали голот е намерен или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот