Мајстор за тетоважи кој ги оживува легендарните сцени од филмовите! (ФОТО)

Овој мајстор за тетоважи не мора да покрие голем дел од телото за тетоважата да биде подетална и убава. Доколку го прашате него, на мал дел од подлактицата може да стои вашиот омилен филмски момент.

Тату-мајсторот Еден Козокаро од Израел, стана познат по своите детални микро тетоважи. Шарените минијатурни тетоважи на Еден најчесто претставуваат елементи од поп-културата, сцени од популарни филмови, серии, книги и стрипови. Секоја тетоважа е полна со бои и направена е хируршки прецизно.

View this post on Instagram

His room ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

„Bored Panda“ ги пронајде неговите нереални тетоважи на Инстаграм и одлучи да ги сподели со следбениците.

Един кариерата како тату-мајстор ја започнал кога еден од неговите пријатели ја купил најефтината машина за тетовирање на „eBay“.

View this post on Instagram

Pulp fiction ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

„Ми даде да ја испробами така стана мојот прв клиент. После тоа започнав да нудам бесплатни тетоважи на сите кои ги повикував за да ја усовршам мојата работа“, истакна Еден Козокаро за магазинот „Inked“.

Израелецот смета дека во неговата држава сите тату-мајсотри меѓусебно се почитуваат и поддржуваат, бидејќи нивната заедница е прилично мала. Еден и другите тату-мајстори се трудат со своите тетоважи на светот да му покажат дека тетовирањето е еден вид на уметност.

View this post on Instagram

Up 🎈

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Кога го запрашале што го поттикнало да се обиде во областа на микро-тетовирање, Еден рекол дека сакал да го искористи своето знаење за класичната уметност и да се обиде да направи мали уметнички дела на своите клиенти кои не сакаат да ја украсат цела рака или поголем дел од телото.

Тој се труди секој дизајн да биде што помал, бидејќи смета дека кога дизајнот е во прашање, помалку е повеќе. Тој истакнал и дека многу луѓе сметаат како минималистичките тетоважи не зараснуваат правилно, затоа му е мноуг важно на друштвените мрежи да објавува слика на потполно зараснати тетоважи.

View this post on Instagram

James Bond 💥 Daniel Craig vs. Sean Connery

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Еден е сега член на престижната тату-група „Bang Bang“, која ја предводи славниот МекКерди. МекКерди ги има тетовирано Ријана, Џастин Бибер и Мајли Сајрус. Многумина сметаат дека тој е најдобриот тату-мајстор во светот.

View this post on Instagram

You’ve got a Friend in me ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Прочитајте и...  Актерката Драгана Левенска ви препорачува три дестинации за ова лето, а открива и каде има најубаво топено сирење! (ФОТО)

Прочитај повеќе

Мора да го подготвите за вашите најблиски: Домашен леб со билки!

Васко Спасоски

Антониа Гиговска: Спокојот на Пелистер ме подготвува за нови музички дела

Слободен печат

Дознајте зошто не треба да ги фрлите семките од лимон!

Васко Спасоски

Познатата терапевтка советува: Во овој случај подобро е да го сокриете неверството!

Слободен печат

Џеј Ло со храбра спортска комбинација максимално ги истакна своите облини! (ФОТО)

Слободен Печат

Сакаше да поразговара со принцот Чарлс, но се возбуди и се струполи на земја – Принцот не стигна ниту да му подаде рака (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Убавата бисексуална Афроамериканка е новата „Batwoman“

Слободен печат

Една од најчудните туристички атракции во светот: Ѕирнете во „Катедралата на отпадот“ (ФОТО)

Слободен печат

Фасцинантна приказна украсена со долгогодишно прераскажување: Кралот Умберто и неговиот одамна изгубен „двојник“

Слободен печат

Кралски правила кои не смее да ги прекрши ниту кралицата Елизабета

Слободен печат

Најсочното колаче чија арома ќе го намами целото семејство: Одличен десерт за летно уживање! (ВИДЕО)

Слободен печат

Ја враќа вашата кожа децении наназад: Маска за лице која е посилна од ботокс! (РЕЦЕПТ)

Слободен печат