Мајмунските сипаници во развиените земји се појавиле по две рејв-забави во Шпанија и Белгија?

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Висок советник на Светската здравствена организација го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ што може да се објасни со ризичното сексуално однесување во два неодамнешни масовни настани во Европа.

Во интервју за Светската агенција, д-р Дејвид Хејман, кој го предводеше одделот за итни случаи на СЗО, рече дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос меѓу хомосексуалците и бисексуалците на две рејв забави што се одржале во Шпанија и Белгија.

„Знаеме дека мајмунските сипаници може да се шири кога има близок контакт со лезиите на некој што е заразен. Се чини дека сексуалниот контакт веќе го одредува тоа пренесување”, изјави Хејман.

Тој факт значително отстапува од типичниот модел на ширење на болеста во Централна и Западна Африка, каде луѓето се инфицирани главно од животни како диви глодари и примати, а епидемиите не се шират надвор од опсегот.

До денеска, СЗО има регистрирано повеќе од 90 случаи на мајмунски сипаници во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Израел, Франција, Швајцарија, САД и Австралија. Веќе има 30 потврдени случаи во главниот град на Шпанија, Мадрид.

ВИДЕО | Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, никој во Европа сè уште не умрел од оваа болест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот