Вакцинација против мајмунски сипаници / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Мајмунските сипаници и натаму се сериозен ризик, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека мајмунските сипаници продолжуваат да претставуваат ризик за јавното здравје и дека вонредната состојба поради епидемијата на болеста останува на сила.

СЗО прогласи вонредна состојба во август, кога епидемија на нова форма на мајмунска сипаница се прошири од тешко погодената Демократска Република Конго во соседните земји, пренесува „Анадолу“.

Оваа година, повеќе од 46.000 случаи на инфекција се пријавени низ Африка, главно во Конго, и повеќе од 1.000 сомнителни смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот