МАЈЛИ САЈРУС не губи време! Повторно е во врска (ФОТО)

Instagram

Познатата пејачка и актерка неодамна се разведе од својот сопруг и долгогодишна љубов, познатиот глумец Лиам Хамсворт. После доста јавната разделба, пејачката предизвика шок во јавноста кога беше забележана во друштво на Кејтлин Картер (ѕвездата од „The Hills: New Beginnings“), како разменува нежности додека сè уште не беше финализиран разводот од нејзиниот сопруг.

Profimedia

Универзумот работи на чуден начин, а за познатите пејачи Мајли Сајрус и Коди Симсон очигледно функционира.

Во видео кое повторно излезе на површина, познатиот пејач се топи додека зборува за ѕвездата од „Хана Монтана“.

Profimedia

„Мајли Сајрус секогаш ми била селебрити симпатија од детството. Ги знам сите зборови од нејзините песни, нема да ве лажам. Воопшто не се срамам поради тоа“, рече тој за 26-годишната ѕвезда.

„Секогаш сум бил огромен фан на Мајли Сајрус и сметам дека таа засекогаш ќе ми остане најсимпатичната Дизни ѕвезда“, додаде Симсон.

Тоа што ги поттикна шпекулациите е сторито на Инстаграм што го сподели пејачот, на кое тој ја бакнува Мајли, а таа го прегрнува околу вратот.

Исто така викендов тие биле забележени за време на попладневна прошетка во продавница во Лос Анџелес. Очевидец за сајтот E! News изјавил дека ги видел како набрзина влегуваат во продавницата да земат нешто за јадење. Тие исто така размениле и неколку бакнежи за време на прошетката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот