Мајли Сајрус искрено: Мислев дека морам да бидам „геј“ зашто сите мажи се зли

Instagram

Се чини дека познатата пејачка Мајли Сајрус по разводот со Лиам Хемсфорт се обидува да се пронајде себеси, барем што се донесува до љубовта. Таа прво беше во врска со Кејтлин Картер, а набрзо стана јасно дека нејзина нова љубов е 22-годишниот Коди Симсон.

Пејачката на своите фанови на Инстаграм им зборуваше за љубовниот статус и им делеше совети. Откри дека мислела дека мора да биде „геј“ зашто сметала дека сите мажи се зли.

„Постојат добри мажи таму некаде, не се откажувајте. Секогаш мислев дека морам да бидам „геј“, зашто сметав дека сите мажи се зли, ама тоа не е точно“, рече таа.

Мајли призна зошто ѝ било потребно толку време за да сфати дека Коди, кој ѝ е долгогодишен пријател, ѝ се допаѓа.

„Бев прстрога кон него и никому не давав да допре до мене, но сега конечно дозволив“, рече Мајли.

https://www.instagram.com/p/B3yEXM5JsXO/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот