Мајли Сајрус е прилично сигурна дека „ја бркал НЛО“, а „може е и од тревата“!

Instagram

Пејачката и глумица Мајли Сајрус тврди дека имала контакт со вонземјани и дека тоа искуство било толку вознемирувачко што со денови не можела да погледне во небото.

Во разговорот за магазинот „Интервју“, Сајрус опишала дека во една прилика се возела низ Сан Бернардино со пријател и дека „некаков НЛО ја прогонувал“.

Прилично сум сигурна во она што го видов, ама купив и трева од едно момче во комбе, па можно е и да е од тоа“, изјави Мајли.

Мајли објаснила како изгледал неидентификуваниот летачки објект и дека „блескал жолто“. Рекла дека и незиниот пријател како и некои други луѓе од автомобилите го виделе.

Навела и дека воспоставила контакт со очите со вонземјанинот.

Ме погледна и воспоставивме контакт со очите и тоа посебно ме шокираше, гледањето во очите на нешто што не можам да објаснам што е. Се тресев скоро пет дена. Тоа целосно ме уништи. Веќе не можев да гледам во небото со исти очи. Мислев дека би можеле да се вратат“, заклучила пејачката.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот