„Мајкрософт” соопшти за нови хакерски напади од рускиот „Нобелиум”

Фото: ЕПА

Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата „Мајкрософт”.

„Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации”, објави Мајкрософт на својот блог.

Нобелиум, со потекло од Русија, е истиот актер кој стои зад нападите врз клиенти на SolarWinds во 2020 година, соопшти „Мајкрософт”.

„Овој бран напади имаше за цел околу 3.000 имејли во повеќе од 150 различни организации”.

Најголем дел од нападот е кон цели во САД, додека ќжртви се и во уште најмалку 24 земји, соопшти Мајкрософт. Најмалку четвртина од таргетираните организации се вклучени во меѓународен развој, хуманитарни прашања и работа со човекови права, наведе Мајкрософт во блогот. Нобелиум ги почнале нападите оваа недела со упад во меркетинг налогот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и од таму извршувајќи напади со фишинг врз многу други организации, соопшти Мајкрософт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот