Мајкл Џексон: Судот ја отфрли тужбата на Џејмс Сејфчук кој го обвини Џексон за сексуална злоупотреба

Мајкл Џексон и Вејд Робсон/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Судот во Америка ја отвфли тужбата на еден од тужителите на Мајкл Џексон, кој тврдеше дека компаниите на Џексон го злоупотребувале него и други деца. Џејмс Сејфчук изјави дека пејачот започнал да го злоупотребува кога имал 10 години. Во 2014 година тој ги тужеше „MMJ Productions“ и „MJJ Ventures“ и тврдеше дека тие „биле создадени за да ја олеснат сексуалната злоупотреба на деца на Џексон“.

 

Instagram

 

Но, судот ги отфрли обвиненијата, велејќи дека компаниите немале должност да се грижат за г-дин Сејфчук. Адвокатите Џонатан Стејнсапир и Хаурард Вајцман, кои ги застапуваат „MJJ Productions“ и „MMJ Ventures“ за „BBC“ изјавија:

Задоволни сме што судот се согласи дека г-дин Сејфчук нема основа да ја спроведе својата тужба“.

 

Instagram

 

Сејфчук беше еден од двајцата мжи кои ја обвинија покојната поп-ѕвезда Мајкл Џексон за злоупотреба. Во својата постапка, тој изјави дека Џексон го злоупотребувал стотици пати во неговите домови и за време на турнеи кон крајот на 80-тите и раните 90-тите години од минатиот век.

Споменатите компании беа основани од Џексон за да ја водат неговата кариера. Но, во тужбата се тврдело дека тие две компании имале прикриена цел, односно да функционираат како операција за сексуална злоупотреба на деца, специјално дизајнирана за лоцирање, привлекување, примамување и заведување на жртвите.

 

Instagram

 

Адвокатот на Сејфчук, Винс Финалди изјави дека неговиот клиент бил вработен и работел како танчер и забавувач на сцената со Мајкл.

Бидејќи тој беше малолентик кој беше вработен и работеше за нив, тие имаа должност да го штитат. Тоа е нашиот аргумент“, изјавил тој.

 

Instagram

 

Но судијата од Калифорнија Марк Јанг не се согласи со тоа, велејќи дека компаниите не биле директно одговорни за предизвикување емоционален стрес и не биле во можност да го контролираат Џексон, бидејќи тој ги контролирал компаниите и сите што биле вработени во нив. Судијата истакнал дека корпорациите не можат да бидат директни сторители.

 

Instagram

 

Џејмс Сејфчук, кој бара неутврдена отштета, ќе поднесе жалба. Додека беше жив, Џексон жестоко ги негираше овие обвнинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот