Мајкл Џексон и Фреди Меркјури биле многу блиски пријатели: Исплива на површина необичната навика на кралот на поп-музиката!

Принтскрин

Фреди Меркјури и Мајкл Џексон биле многу блиски пријатели за време на осумдесетите години.

Меѓутоа, пејачот на групата „Queen“, Фреди Меркјури, не можел да ги разбере необичните навики за спиење на кралот на поп-музиката, пишува Miror.

Тие двајца често работеле заедно на песните во студиото на Џексон во Енсин, Калифорнија, па Фреди бил често во друштвото на  Џексон.

Принтскрин

Во разговорот за Метро, личниот асистент на Фреди, Питер Фристон, се присетил на еден детал:

„Ги прифаќате луѓето такви какви што се. На пример, Мајкл Џексон. Фреди и јас одевме до неговата куќа за да снимаме и по 8 часа дневно. Тоа беше во 1983 година, а Фреди и Мајкл соработуваа на три различни албуми во тој момент. Но, Мајкл никогаш не се однесуваше поинаку спрема мене, отколку спрема Фреди. Мајкл и јас игравме видео игри по половина час додека Фреди излегуваше да пуши“

Принтскрин

Но сепак, му било прилично тешко на Фреди да се помири со навиките за спиење на Мајкл. Иако биле во неговата куќа вредна милиони, Џексон немал правилен кревет, туку душек и така на него спиел на подот. Фреди го заинтригирало тоа, па го прашал Џексон за тоа.

„Фреди едноставно не можеше да премолчи, бидејќи на сред подот се наоѓаше тој огромен душек, наместен како кревет. Фреди му рече: ‘Ги имаш сите тие пари, зошто не купиш кревет?’, а Мајкл му одговори: ‘Се чувствувам многу подобро кога сум поблиску до земјата’. Фреди пак на тоа му одговори: ‘Па колку си блиску ако немаш кревет? Ние сме на спрат моментално.’

Питер се присетува дека Фреди и Мајкл давале се од себе кога „припремале нешто“ заедно. Тој се сеќава дека истото се случувало и со Дејвид Боуви кога го снимале „Under Pressure“ за Квин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот