МАЈКИТЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА НЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ОД СВОИТЕ ДЕЦА: Овие се проблемите со кои се соочуваат дома заради коронавирусот

Во истражувањето се опфатени 12.604 жени кои мораат да ги ускладат работата, домашните обврски, домашните на своите деца и грижата за децата за време на изолацијата.

Осум од десет жени во Шпанија велат дека имаат потешкотии додека работат од дома за време на изолацијата поради епидемијата од коронавирусот, а главната пречка кај 97 отсто од случаите се децата, кои имаат потреба од внимание, наведува студијата на здружението „Не давам оставка“, пренесува „Ел Паис“.

Во истражувањето се опфатени 12.604 жени кои мораат да ги ускладат работата, домашните обврски, домашните на своите деца и грижата за децата за време на изолацијата.

Речиси сите испитаници кои се соочуваат со тешкоти при работењето од дома, маките ги припишуваат на децата кои упаѓаат за време на работата од дома, при што се нарушува нивната концентрација. Над 67 отсто од жените велат дека не можат да се фокусираат на работата.

Истражувањето исто така посочува дека 54 отсто од сите членови на домаќинствата се во самоизолација, 36 отсто мора да одат на работа и 16 отсто да работат надвор од домот.

Жените кои се во самоизолација, точно седум од десет жени, не успеале да создадат услови за работа од дома, а три до четири не го почитуваат работното време.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот