Мајките на руските војници да проверат дали нивните синови се живи, вели Зеленски

Украинскиот претседател Владимир Зеленски
Украинскиот претседател Владимир Зеленски / EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS

Секоја мајка, која знае дека нејзиниот син е пратен во војна против Украина, мора да провери каде е тој. Особено оние, кои не можат да ги контактираат своите деца. Оние, на кои им е кажано дека нивните деца се убиени, но, не им го вратиле телото. Вака им се обрати украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на мајките на руските војници, во својот говор измината ноќ.

Зеленски информираше дека се заробени нови руски регрути. Како што појасни претседателот, меѓу нив има и такви, кои одбиваат да се вратат во Русија. Имало и такви, кои руското раководство не ги спомнува и не се обидува да ги врати.

Според Зеленски, многумина што се заробени, во Русија се прогласени за мртви.

Тој додаде дека на интернет може да се најдат телефонски броеви, каде доколку се јават, мајки на војници ќе дознаат што навистина се случува со нивните деца.

Зеленски истакна дека украинската војска не очекувала да земе илјадници затвореници.

– Не ни требаат уште 13.000 или толку загинати руски војници. Ние само сакаме мир, нагласи Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот