Мајките ја осудија, а што велат психолозите? Алиша Силверстоун спие во ист кревет со 11-годишниот син

Фото: Инстаграм

Американската актерка Алиша Силверстон (45) неодамна призна дека има многу близок однос со својот 11-годишен син Беар, а рече и дека спијат во ист кревет, поради што се најде и на мета на негативни критики.

Алиша истакна дека спие со синот во ист кревет, кој е речиси тинејџер, бидејќи „таа е мајка полна со љубов“.

Ваквиот став ја налути јавноста, особено родителите, додека многу експерти се согласија дека 45-годишната Алиша греши во својот метод на воспитување.


„Кога детето почнува да ја преиспитува разликата меѓу половите, влегува во пубертет и/или почнува да покажува непријатност, родителите би требало да престанат да го делат креветот со него. Тоа може да биде веќе во период од пет години“, рекла Рина Пател за „Дејли мејл“, психолог и експертка за родителство.

Таа додала дека „кога детето е мало“, треба да почне да спие самостојно.

„Кога детето ќе прооди, би требала да почне да спие самостојно. Овој родителски стил на воспитување може да предизвика проблеми со границите, па дури и на самата мајка, односно на нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека претерано приврзаното родителство на Силверстон повеќе од веројатно ќе му предизвика проблеми на Беар во иднина. Тоа може да доведе до врсничко насилство (булинг) и треба да се земе предвид социјалната ефикасност и тоа на таа возраст“, додала таа.

Експертката за родителство продолжила со напомена дека Беар треба „да се обиде да спие самостојно“.
„Како што стареат, ќе почнат и преспивања кај пријатели и кампови. Што би се случило во тие ситуации. Кога детето ќе се подготви да се исели или да оди на факултет.“


Клиничкиот психолог д-р Лаура Маркам вели дека приврзаното родителство е корисно до одреден степен, но кога децата почнуваат да растат, премногу приврзаните родители треба да научат како да се оддалечат од тој пристап.

Д-р Маркам додала дека иако малите деца имаат „силна потреба за поврзување со своите родители“, треба да им се дозволи да „истражуваат“ без да бидат „прекумерно контролирани“.

Фото: Профимедиа

Актерката тешко ќе ги прифати критиките од јавноста и експертите, бидејќи истата практика ја практикува долги години.

Силверстон е позната по своите „алтернативни“ начини на воспитување, во нејзината книга од 2014 година „Љубезната мајка“, го спореди дозволувањето на нејзиното бебе да спие одделно во креветче со „занемарување на детето“.

Среден прст за сите кои мислат дека е дебела: Актерката Алиша Силверстон ги засрами сите кои се осмелија да коментираат за нејзината тежина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот