Мајки на деца до тригодишна возраст без согласност принудени да работат ноќна и прекувремена работа

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Неколку работнички од Велес, кои имаат деца до едногодишна возраст, се обратија до Хелсиншкиот комитет бидејќи вршат прекувремена работа и работат ноќе, а дел од нив, кои имаат деца до тригодишна возраст, вршат работа со писмена согласност дадена под принуда.

Работничките, кои се мајки на деца со возраст до три години, се во работен однос кај работодавачот со склучени договори за вработување на определено време. Тие од страна на работодавачот биле уценувани дека доколку не потпишат писмена согласност со која се согласуваат да работат прекувремена и ноќна работа, нивните договори нема да бидат продолжени. Под страв дека ќе останат без средства за егзистенција во период на пандемија, работничките ги потпишале согласностите.

Работодавачот знаел дека тие стравуваат да не го изгубат своето работно место и знаел дека со нивните потписи тешко би се докажало пред трудовиот инспекторат и обвинителството дека тие не се согласни да работат ноќна и прекувремена работа поради што ја злоупотребил нивната положба во своја корист, а на нивна огромна штета. Тој не само што ги принудил да работат на ваков начин на работа туку и не им ја исплатил ни прекувремената работа, за што се утврдени неправилности од страна на Државниот инспекторат за труд, по пријава од Хелсиншкиот комитет

Законот за работните односи предвидува посебна заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и прекувремената работа. Имено, за време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе (член 164, став 1).

На работничката која има дете од една до три години возраст, може да ѝ се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност (164, став 2). Писмената согласност од страна наработничките мора да биде дадена слободно и своеволно без принуда и закана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот