МАЈКАТА ЗГРОЗЕНА: Триесетдневен притвор доби негувателката која го тепаше нејзиното дете

Јавноста е згрозена откако се појави видео снимка на која се гледа како жена, за која се испотави дека е ангажирана да чува три деца како негувателка, тепа едно од децата. Настанот се случил денеска во игротека во кафе барот „Дежа ву“.

Според информациите на ТВ21, жената е приведена, а надлежен јавен обвинител, постапувајќи според член 201 од законот за кривична постапка и одредил 30 дневен притвор.

Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

Мајката се заблагодарила на персоналот на ресторанот и им кажала дека од видеото видела дека се работи за нејзините три деца.

Видно вознемирена раскажала дека сопругот и работи во странство, а додека таа е на работа, ја ангажирала жената за да ги чува децата.

Од „Дежа ву“ велат дека тие снимката ја пријавиле и во полиција и дека попладнево насилната дадилка била викната на информативен разговор во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот