Мајката откри каде Роналдо ќе ја заврши кариерата: Кристијано мора да се врати таму, ќе го направи тоа за мене

Роналдо по 12 години повторно го носи дресот на Манчестер јунајтед / фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро, изјави дека е среќна што нејзиниот син летово се врати во Манчестер јунајтед.

Роналдо по три години престој во Торино, летово го напушти Јувентус и во трансфер вреден 15 милиони евра се врати во Манчестер јунајтед каде настапуваше од 2003 до 2009 година.

Долорес Авеиро за „ADN De Leao“ откри дека последните денови од летниот преоден рок биле многу стресни за неа, но утехата дојде токму од Кристијано.

„Мама, не се грижи за тоа што го пишуваат медиумите. Ќе потпишам за Манчестер јунајтед“, беа зборовите на Роналдо.

– Му реков дека сум многу среќна и ја поддржувам неговата одлука. Да се види пол стадион и 75.000 навивачи како го извикуваат неговото име е голема емоција – вели Долорес Авеиро.

Таа потоа даде одговор на прашањето кое го поставуваат речиси сите фанови на Роналдо, каде Португалецот ќе ја заврши кариерата. Тоа ќе биде клубот во кој ја започна професионалната кариера и клубот за кој навива целото семејство, Спортинг Лисабон.

– Кристијано мора да се врати таму. Ќе го направи тоа за мене. Му реков дека пред да починам сакам уште еднаш да го видам во дресот на Спортинг. Сепак, морам да ве предупредам, ми рече дека планира да игра до 40. година така што има време – открива Долорес Авеиро.  

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот