Мајката на „штипскиот Питагора“: Ќе поднесеме тужба против МОН

Мајката на Дајман Давков, познат како „штипскиот Питагора“, Никица Давкова, во изјава за „Слободен печат“, потврди дека ќе поднесат тужба против Министерството за образование и наука, откако претходно преку статус на Фејсбук им се заблагодари на сите кои се понудиле да ја исплатат паричната награда која нејзиниот син требаше да ја добие, а МОН не му ја додели.

 – Да, ќе поднесеме тужба. Немаме нова повратна информација од МОН – вели Давкова во кратка изјава за „Слободен печат“.

„Чудото од дете“ како што го нарекуваат Дамјан Давков не доби парична награда од МОН за освоено прво место на натпревар затоа што бил осмооделенец и се натпреварувал со средношколци.

Од МОН се огласија со писмо преку кое соопштија дека во соработка со локалната самоуправа Давков ќе биде награден со парична награда од 15.000 денари и признание за почесен граѓанин на општината.

Случај Дамјан Давков: Како државата ги „казнува“ напредните деца

Нема награда од МОН за Дамјан Давков – математичкиот гениј од Штип

ВИДЕО | Д-р Николов: Општина Штип ќе формира Фонд за помош и стимулација на младите генијаци како што е осмоодделенецот Дамјан Давков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот