Мајката на Наоми Кемпбел откри шокантни детали: Ја одгледував мојата ќерка како Јеховин сведок!

профимедиа

Веста за Том Круз и неговото придружување кон Сциентологијата своевремено го потресе светот, но тоа дека прекрасната Наоми замалку ќе станела Јеховин сведок на многумина им дојде како „бомба“.

Странските медиуми истакнуваат дека што поголем број на познати личности се насочуваат кон алтернативните религии, па дури и некои култови кои неретко знаат да бидат опасни, така се повеќе се „дига нивнат популарност“.

профимедиа

Мајката на Наоми Кемпбел, Валери, во една прилика јавно проговорила за тоа како ја одгледувала својата ќерка.

„Ја одгледував како Јеховин сведок, но таа самата мораше да ја избере својата вера. Кога ќе ми побара, секако дека ѝ ја давам целата неопходна литература за користење“.

Сепак, супермоделот со ова повеќе не се занимава.

профимедиа

Главното верување на Јеховините сведоци е дека Бог, кој во изворните библиски записи е откриен со името Јехова, е дека човекот може да го спознае преку изучувањето на Светото писмо. Христијанската религија, како што се наведува, не го признава толкувањето на Библијата на Јеховините сведоци.

Од друга страна, сциентологијата ги учи луѓето дека се бесмртни духовни битија кои ја заборавиле својата вистинска природа, а основана е во 1953 година.

ЕПА

Том Круз во оваа заедница навлегол поради поранешната сопруга Мими Роџерс, која била 6 години постара од него: Тогаш тој потполно го занемарил односот со ќерката Сури, која ја има од бракот со Кејти Холмс. Кејти не сакала да го одгледува детето според правилата на црквата, па затоа Том прекинал секаква комуникација со нив.

Инаку, Џон Травлота е исто така член на Сциентолошката црква, а се придружил во 70-те години на минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот