Мајката на киднапираното девојче на судењето на Малчанскиот берберин: Беше црвен во лицето додека ќерка ми сведочеше

Фото: kurir.rs

На судењето на Нинослав Јовановиќ (48), познат како Малчанскиот берберин, денеска сведочеше 13 годишното девојче кое беше киднапирано на 20 декември додека одеше на училиште во населбата Брз Брод. Таа не се сретна со нејзиниот киднапер во судницата, бидејќи сведочеше цели два и пол часа во аудио форма од друга просторија во судот во кој беа и нејзините родители.

– Нашата ќерка сведочеше, ја кажа вистината и упте еднаш покажа дека е лавица. Грозно беше за нас, но таа покажа дека е борец. Го опиша секој детал и, иако не се очекуваше, сепак, се поднесе храбро. Рече дека на некој начин и паднал камен од срце. Она, знаете, не ни ги кажала сите детали и ние денеска првпат слушнавме некои работи. Тешко го поднесовме ова. Имаше солзи во судницата, но мора да бидеме со нашата ќерка за таа да издржи на најдобар можен начин. Сега е подобра отколку на почетокот, сега се смееме, се шегуваме што не беше случај по киднапирањето“, изјави А.К., мајка на киднапираното девојче.

Запрашана за реакциите на Јовановиќ додека го слушал аудио сведочењето на девојчето, таа одговори дека „бил црвен во лицето“.

– Не знам што е со тој човек, веројатно беше црвен од бес. Ние едвај го издржавме неговото присуство во моментите додека нашата ќерка зборуваше. Не би сакала ниту едно дете да го доживее тоа што го доживеа нашата ќерка, а за него би сакала да не види светлина на денот“, одговори А.К.

Нејзиниот сопруг ја напупти судницата по пола час од сведочењето на ќерката, бидејќи му било тешко да слуша.

– Не можев да го издржам сето тоа. Првпат дознав за некои работи и морав да излезам. Емоциите се измешаа, цел ден сум нервозен,  но задоволен сум од нејзините искази, бидејќи исфрли многу работи од себе. Уште еднаш покажа дека е пресилно девојче за нејзина возраст. Сето ова трае предолго. Мислам дека е нормално и логично овој да добие доживотен затвор“, изјави таткото.

Дедото на девојчето, пак, е лут што судскиот процес трае предолго.

– Навистина не можам да разберам како судството не може да осуди еден педофил кој воопшто не е пресметлив. Детето не е како што беше порано, има некој вид на траума. Благодарен сум на полицијата, на новинарите, меѓутоа не сфаќам како судот досега не донесе одлука кога сè е јасно“, рече дедото на киднапираното девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот