Мајката на Дуа Липа со златен елек (ФОТО)

Фото: Profimedia

Мајката на светски познатата пејачка Дуа Липа, Анеса, објави слики на кои е облечена во традиционална носија. Дуа Липа, која по потекло е од Косово, со нејзините родители живее во Лондон, но нејзината мајка не крие дека сака да ја негува албанската традиција. Таа на Инстаграм објави слики облечена во народна носија и златен елек, а сликата датира од 1997 година кога Анеса Липа била невеста.

„Злато обработено на рака. Албанска традиционална носија -1997 година“, напишала Анеса Липа, покрај постот објавен на Инстаграм.

Долу под сликата не изостанува ниту коментар од нејзината ќерка Дуа Липа, која нејзината мајка ја нарекува кралица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот