Мајката на Аки Рахимовски сè уште го чека на посета: Никој немал срце да ѝ ја соопшти тажната вест

Аки Рахимовски
Аки Рахимовски/ Фото: Принтскрин/Фејсбук

Веста за смртта на музичката легенда Аки Рахимовски го обви Балканот во црно. Уште во неверување, голем број познати личности и обожаватели од регионот му оддаваат последна почит на социјалните мрежи.

Аки непосредно пред смртта разговарал со својот пријател Здравко Ситновски од Скопје и планирал да дојде во Македонија да ја види мајка си која живее во Скопје. Имено, никој немал срце да ѝ ја соопшти тажната вест.

„Во петокот разговарав со Аки, тој ме замоли да го земам на аеродромот во Скопје, мајка му е болна и сакаше да ја види барем уште еднаш. Требаше да слета во недела попладне“, открил Здравко Ситновски за „24sata“.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Мајката на Аки живее во дом за стари лица во Скопје

„Неговата мајка беше многу среќна. Во домот на сите им кажала дека доаѓа нејзиниот син и побарала од вработените да се грижат за неа бидејќи доаѓа нејзиниот Аки“, додал Ситновски.

Се огласија членовите на „Парни Ваљак“: „Љубов добиваш колку што даваш“, а Аки даваше и даваше…

Дека на Рахикмовски следна дестинација му била Македонија за „Женски магазин“ потврдил и Дарин Тавитјан.

„Требаше утре да допатува во Скопје да се видиме, а во план беше и нова музика. Нема зборови со кои би ја опишале тагата. Тој беше искрен, голем пријател и добар човек и покрај фактот дека беше најмаркантната рок икона, огромна легенда и гласот на најубавите песни со кои живеат генерации на Балканот и пошироко во своите најубави и тажни моменти. Го започна својот музички пат во Скопје каде и беше роден, со музичката група „Тор“ заедно со Гаро, Црногорец и Ани, за подоцна да замине во Хрватска каде стана вокал на легендарните рок гиганти „Парни Ваљак“, а останатото е историја. Беше крал и авторитет на големите сцени и арени“, истакна Диран Тавитјан.

Аки Рахимовски почина на 22 јануари во Ново Место, Словенија, а последното испраќање на пејачот ќе биде в четврток во Загреб во Алејата на великаните.

Аки Рахимовски добил ќерка со 27-години помладата Словенка

Видео на денот